Version 2 (modified by 16 years ago) ( diff ) | ,
---|
CRM: Дефинирај неработни денови
Актери
Управен кадар.
Контекст
Заради користење во други use-case-и, каде постои ограничување за распоредувањето на активностите, потребно е актерот периодично да го обновува генералниот распоред на работните и неработните денови на факултетот.
Ниво
Поддршка.
Предуслови
/
Постуслови
- Неработните денови се регистрирани и обележани во општиот календар.
- Во use-case-ите Закажи состанок, Закажи телефонски повик и Додели работна задача повеќе не е можно користење на деновите кои се регистрирани како неработни, а ако веќе има распоредено некое случување од таков тип, одговорните (актерите на тие use-case-и) на тие use-case-и се известуваат и се бара промена од нивна страна.
Бизнис правила
- Неработните денови актерот ги добива периодично од релевантните институции или се заклучуваат на некој состанок, и задолжително е во рок од 5 дена од кога му е ставено до знаење, да ги објави.
- Во случај некоја од активностите да мора да се случи за време на неработни денови, потребна е согласност и од страна на распоредувачот, и од страна на извршителот на активноста.
Апликациски правила
- Не смее да им се менува статусот (работен/неработен) на изминатите денови.
Сценарио
- Актерот го бира периодот за кој ќе ги дефинира неработните денови.
- Системот ја пресметува и прикажува листата со преддефинирани работни и неработни денови (викенди, новогодишни празници, повторливи државни празници) за тој период.
- Актерот ја корегира листата на преддефинирани работни и неработни денови за избраниот период.
- Системот испраќа известувања до сите корисници со известувања за неработните денови кои претстојат, а не се дел од викендите.
- Системот испраќа барања за преместување на активности до корисниците кои распоредиле некоја активност на претстоен неработен ден.
- Новите неработни и работни денови се зачувани и достапни на календарите.
Алтернативи
Варијации
3а. Некој од преддефинираните неработни денови станал работен, и се менува неговиот статус.
3б. Некој од преддефинираните работни денови станал неработен (нов државен празник, празници кои не се зависни од датумот), се менува нивниот статус и се дефинира дали да има годишна повторливост кај нив.
4а. Во случај да постојат денови од викендите кои станале работни, во известувањата се испраќаат и тие денови.
6а. Во случај да постојат денови од викендите кои станале работни, во календарите се менува статусот и на тие денови.
Исклучоци
/
Екрани
Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.
Фреквенција
На почетокот од годината, према листата на сите празници важечка за претстојната година и по еднаш најмногу 5 дена по секое ново известување стигнато до управниот кадар.