CRM: Пријави проблем
Актери
Корисник (пријавувач и задолжен).
Контекст
Актерот има потреба од пријавување на проблем во некој од процесите во факултетот. Проблемот може да се однесува на некој печатен документ од факултетот (без разлика дали е објавен на CRM системот), web страница, извршена услуга од страна на студентски прашања, други делови од CRM системот во вид на работна задача…
Ниво
Јадро.
Предуслови
/
Постуслови
- Проблемот е пријавен и нуди можност да се следи или разреши преку системот.
- Задолжениот (ако не е пријавувачот) е известен за проблемот.
Бизнис правила
/
Апликациски правила
- Потребно е вметнување на информација за приоритет на проблемите и подредување на проблемите за кои еден корисник е задолжен по нивниот приоритет.
Сценарио
- Актерот пријавувач ги внесува потребните податоци за проблемот (тип, на што се однесува, каде се наоѓа или како се репродуцира, приоритет).
- Се бира актер задолжен за разрешување на проблемот, се испраќа известување до него.
- Актерот задолжен за проблемот одговара позитивно, така проблемот е доделен на него да го разреши.
- Проблемот се зачувува и објавува на системот.
Алтернативи
Варијации
3а. Актерот до кој е испратено барање за задолжување враќа негативно, бидејќи проблемот не се наоѓа во доменот на неговите можности или ингеренции. Актерот пријавувач, во овој случај, бира нов актер за задолжување и испраќа барање до него.
Исклучоци
/
Екрани
Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.
Фреквенција
/