wiki:CRM_registrirajIshodOdAktivnost

Version 6 (modified by ii10931, 16 years ago) ( diff )

CRM: Регистрирај исход од активност

Актери

Корисник.

Контекст

Акетрот на системот партиципирал во некоја активност (работна задача, тел. повик или непосреден состанок) и има потреба од внесување на исходот од таа активност, евентуални заклучоци, коментари и слично.

Ниво

Јадро.

Предуслови

  • Корисникот е учесник во некоја активност (работна задача, тел. повик или непосреден состанок) која изминала (крајниот рок или планираното време е поминато).

Постуслови

  • Исходот од активноста е внесен во системот.
  • Останатите корисници поврзани со активноста се известени во врска со нејзиниот исход.

Бизнис правила

  • Корисникот кој го внесува исходот од активноста не добива известување во врска со внесениот исход.

Апликациски правила

/

Сценарио

  1. Бирање на активност од сите за кои корисникот е регистриран и се изминати.
  2. Внесување на податоци за исходот од активноста (доработена или недоработена, одржан или неодржан, заклучоци…).
  3. Зачувување на исходот и информирање на останатите засегнати корисници.

Алтернативи

Варијации

2а. Ако веќе постои регистриран исход за активноста, се пристапува кон use-case Внеси забелешка или прилог датотека.

Исклучоци

3а. Веќе постои исход во врска со таа активност (другиот исход е внесен додека корисникот го внесувал својот). Се преминува на точката 2а од варијациите.

Екрани

Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.

Фреквенција

Најмалку по еднаш за секоја регистрирана активност.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.