Version 1 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
Визија
1. Вовед
Модул за анкети на SISng ќе овозможува создавање на различни видови на анкети од ралични видови на корисници, односно, учесници во академскиот процес. Тоа значи дека професорите, студентите (во рамки на студентскиот парламент) и деканатот ќе можат да создадат и пласираат анкети и да добијат анализа од одговорите на анкетите. Модулот за анкети на SISng ќе биде од огромна помош во рамки на образовниот процес, како и процесот за контрола на квалитет во рамки на факултетот, односно универзитетот.
1.1 Цел
Почетна цел е овозможување на подобар и континуиран преглед на собирање и прикажување на информации во помали временски интервали. Преку овие податоци целта е подобрување на наставата и за студентите и за академскиот кадар. Лесно адаптирање на образовниот процес на новите генерации на студенти, како и на новите генерации на технологии и како полесно да се менува текот и начинот на преавањата. Овозможување помош на студентите при насочување на академската линија на развој базирано на нивните одговори на анкетите кои ќе помогнат на подобра работа на модулот за одредување на препораки за идни предмети и насока во образовниот развој. Со цел подобра адаптибилност и флексибилност на создавањето на самите анкети главна цел во рамки на тоа како би се одвивало нивното создавање, овој модул предвидува одредена генеричност во создавањето и пласирањето на анкетите.
1.2 Опсег
Овој проект е поврзан и е во рамки на проектот SISng, и претставува модул со дадена функционалност.
1.3 Дефиниции, поими и објаснувања
SISng – Student Information Systems of the Next Generation КНИА – Компјутерски науки и инженерство – Англиски УКИМ – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство СПФИНКИ – Студентски парламент на ФИНКИ RUP – Rational Unified Process
1.4 Референци
1.5 Преглед
Документот е организиран според шаблонот на RUP методологијата за развој на информациски системи. Во натамошниот дел се опишани use cases, проблемите кои ги решава и услугите и бизнис можностите кои ги нуди овој проект.
2. Позиционирање
2.1 Бизнис можност
- Придобивка на повеќе студенти:
Со самото тоа што ќе се подобри квалитетот на наставата со помош на модулот за анкети и SISng како целосен систем што го опфаќа целиот академски, образовен процес, ќе се придобијат повеќе студенти. Тоа значи дека ќе има додатен прилив на средства за факултетот, но би можеле и да се придобијат странски студенти (КНИА) кои плаќаат повеќе за семестар.
- Продажба:
Овој модул би можел да се продаде на останати факултети во Македонија и во странство. Самата продажба би можела да биде на различни начини. Да се продаде модулот за фиксна цена, да се даде бесплатно и да се наплаќа за одржување, да се продава лиценца итн.
- Изнајмување:
Би можел системот да се користи за анкетирање на студентите за надворешни компании чијшто таргет групи се студентите. За самото поставување на анкета за студентите поради бизнис потребите на некоја компанија би се наплаќало, а за возврат студентите би добивале некаков попуст на уплата на семестар или други значајни придобивки од факултетот или комапнијата.
2.2 Изјави на проблеми
Проблемот на | Недоволна адаптацја на наставниот план за секоја генерација студенти со цел искористување на нивниот потенцијал |
Ги засега | Студентите |
Што резултира со | Потенцијалот на студентите се потценува или преценува |
Успешно решение би било | Почестото анкетирање што ќе го овозможува модулот, и резултира со континуирано следење низ пократки временски интервали во рамки на семестарот со цел адаптација на програмата |
Проблемот на | Мала веродостојност на веќе постоечкиот систем |
Ги засега | Професорите и студентите |
Што резултира со | Испревртена слика на реалноста |
Успешно решение би било | Имплементација на систем кој води сметка за кои студенти одговараат на кои анкети и какви прашања добиваат |
Проблемот на | Неинтегрираност на веќе постоечкиот систем со courses |
Ги засега | Професорите и студентите |
Што резултира со | Немање можност следење на квалитетот на одделни предавања, задачи, тестирања |
Успешно решение би било | Систем кој овозможува лесна и брза изработка на анкети од страна на анкетите, тогаш кога им требаат |
Проблемот на | Неинтегрираност помеѓу системот за анкети на courses и системот за евиденција на испитите |
Ги засега | Професорите и студентите |
Што резултира со | Немање можност да се направи анализа помеѓу добиените оценки, број на полагања и одговорите на анкети за квалитет на настава |
Успешно решение би било | Систем кој на едно место ја има можноста за анкетирање, но и евиденција на испити и полагања, и ги поврзува одговорите од анкетите со успехот со цел да се прави анализа |
2.3 Изјава за позиционирање на прозиводот
За | Сите луѓе вклучени во академскиот процес на факултетот | |
Who | ||
Име на производот | Модул за анкети на SISng | |
Што | Овозможува динамичко и генеричко анкетирање на луѓе кои се вклучени во академскиот процес | |
За разлика од | anketi.finki.ukim.mk кој се користи 2 пати годишно(сметаме дека не е доволно) и е несоодветно развиен, што резултира со грешни резултати од анкети | |
Нашиот производ | Ја олеснува работата за анкетирање, и анализа на податоците од анкетите со тоа што би се правеле анкети во било кое време, за било која таргет група, со било какви прашања и било какви одговори. |
3. Опис на засегнати странки и корисници
3.1 Демографија на пазарот
Професори, студенти, на различни возрасти, со различни етнички припадности.
3.2 Резиме на засегнати странки
Name | Represents | Role |
Професор | УКИМ | Предава, истражува, врши научни дејности |
Студент | УКИМ | Лице кое доаѓа на факултет со цел да се стекне со знаење |
СПФИНКИ | УКИМ | Организација која ги застапува студентите, организира хакатони, гостински предавања, саеми |
3.3 Резиме за корисници
Name | Description | Stakeholder |
Професор | Личност која прави анкети, разгледува и анализира нивни резултати | самопретставувачки |
Студент | Лице кое пополнува анкети со цел да придонеси да се подобри квалитетот | самопретставувачки |
СПФИНКИ | Организација која прави анкети со цел да ја одреди успешноста на одреден настан, промена на правила на факултет итн. | самопретставувачки |