wiki:SelfEvaluation/Vision

Version 2 (modified by Stefan Dzalev, 6 years ago) ( diff )

Визија

1. Вовед

Модул за анкети на SISng ќе овозможува создавање на различни видови на анкети од ралични видови на корисници, односно, учесници во академскиот процес. Тоа значи дека професорите, студентите (во рамки на студентскиот парламент) и деканатот ќе можат да создадат и пласираат анкети и да добијат анализа од одговорите на анкетите. Модулот за анкети на SISng ќе биде од огромна помош во рамки на образовниот процес, како и процесот за контрола на квалитет во рамки на факултетот, односно универзитетот.

1.1 Цел

Почетна цел е овозможување на подобар и континуиран преглед на собирање и прикажување на информации во помали временски интервали. Преку овие податоци целта е подобрување на наставата и за студентите и за академскиот кадар. Лесно адаптирање на образовниот процес на новите генерации на студенти, како и на новите генерации на технологии и како полесно да се менува текот и начинот на преавањата. Овозможување помош на студентите при насочување на академската линија на развој базирано на нивните одговори на анкетите кои ќе помогнат на подобра работа на модулот за одредување на препораки за идни предмети и насока во образовниот развој. Со цел подобра адаптибилност и флексибилност на создавањето на самите анкети главна цел во рамки на тоа како би се одвивало нивното создавање, овој модул предвидува одредена генеричност во создавањето и пласирањето на анкетите.

1.2 Опсег

Овој проект е поврзан и е во рамки на проектот SISng, и претставува модул со дадена функционалност.

1.3 Дефиниции, поими и објаснувања

SISng – Student Information Systems of the Next Generation КНИА – Компјутерски науки и инженерство – Англиски УКИМ – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство СПФИНКИ – Студентски парламент на ФИНКИ RUP – Rational Unified Process

1.4 Референци

1.5 Преглед

Документот е организиран според шаблонот на RUP методологијата за развој на информациски системи. Во натамошниот дел се опишани use cases, проблемите кои ги решава и услугите и бизнис можностите кои ги нуди овој проект.

2. Позиционирање

2.1 Бизнис можност

  • Придобивка на повеќе студенти:

Со самото тоа што ќе се подобри квалитетот на наставата со помош на модулот за анкети и SISng како целосен систем што го опфаќа целиот академски, образовен процес, ќе се придобијат повеќе студенти. Тоа значи дека ќе има додатен прилив на средства за факултетот, но би можеле и да се придобијат странски студенти (КНИА) кои плаќаат повеќе за семестар.

  • Продажба:

Овој модул би можел да се продаде на останати факултети во Македонија и во странство. Самата продажба би можела да биде на различни начини. Да се продаде модулот за фиксна цена, да се даде бесплатно и да се наплаќа за одржување, да се продава лиценца итн.

  • Изнајмување:

Би можел системот да се користи за анкетирање на студентите за надворешни компании чијшто таргет групи се студентите. За самото поставување на анкета за студентите поради бизнис потребите на некоја компанија би се наплаќало, а за возврат студентите би добивале некаков попуст на уплата на семестар или други значајни придобивки од факултетот или комапнијата.

2.2 Изјави на проблеми

Проблемот на Недоволна адаптацја на наставниот план за секоја генерација студенти со цел искористување на нивниот потенцијал
Ги засегаСтудентите
Што резултира со Потенцијалот на студентите се потценува или преценува
Успешно решение би билоПочестото анкетирање што ќе го овозможува модулот, и резултира со континуирано следење низ пократки временски интервали во рамки на семестарот со цел адаптација на програмата

Проблемот наМала веродостојност на веќе постоечкиот систем
Ги засегаПрофесорите и студентите
Што резултира соИспревртена слика на реалноста
Успешно решение би билоИмплементација на систем кој води сметка за кои студенти одговараат на кои анкети и какви прашања добиваат
Проблемот наНеинтегрираност на веќе постоечкиот систем со courses
Ги засегаПрофесорите и студентите
Што резултира соНемање можност следење на квалитетот на одделни предавања, задачи, тестирања
Успешно решение би билоСистем кој овозможува лесна и брза изработка на анкети од страна на анкетите, тогаш кога им требаат

Проблемот наНеинтегрираност помеѓу системот за анкети на courses и системот за евиденција на испитите
Ги засегаПрофесорите и студентите
Што резултира соНемање можност да се направи анализа помеѓу добиените оценки, број на полагања и одговорите на анкети за квалитет на настава
Успешно решение би билоСистем кој на едно место ја има можноста за анкетирање, но и евиденција на испити и полагања, и ги поврзува одговорите од анкетите со успехот со цел да се прави анализа

2.3 Изјава за позиционирање на прозиводот

ЗаСите луѓе вклучени во академскиот процес на факултетот
Who
Име на производотМодул за анкети на SISng
ШтоОвозможува динамичко и генеричко анкетирање на луѓе кои се вклучени во академскиот процес
За разлика одanketi.finki.ukim.mk кој се користи 2 пати годишно(сметаме дека не е доволно) и е несоодветно развиен, што резултира со грешни резултати од анкети
Нашиот производЈа олеснува работата за анкетирање, и анализа на податоците од анкетите со тоа што би се правеле анкети во било кое време, за било која таргет група, со било какви прашања и било какви одговори.

3. Опис на засегнати странки и корисници

3.1 Демографија на пазарот

Професори, студенти, на различни возрасти, со различни етнички припадности.

3.2 Резиме на засегнати странки

NameRepresentsRole
ПрофесорУКИМПредава, истражува, врши научни дејности
СтудентУКИМЛице кое доаѓа на факултет со цел да се стекне со знаење
СПФИНКИУКИМОрганизација која ги застапува студентите, организира хакатони, гостински предавања, саеми

3.3 Резиме за корисници

NameDescriptionStakeholder
ПрофесорЛичност која прави анкети, разгледува и анализира нивни резултатисамопретставувачки
СтудентЛице кое пополнува анкети со цел да придонеси да се подобри квалитетотсамопретставувачки
СПФИНКИОрганизација која прави анкети со цел да ја одреди успешноста на одреден настан, промена на правила на факултет итн.самопретставувачки

3.4 Корисничка околина

Интернет конекција за веб апликацијата. Успешна автентикација и авторизација за активностите кои се во план да се извршат.

3.5 Профили на засегнати странки

3.5.1 Професор

ПретставникПроф. Д-р Вангел Ајановски
ОписПрофесор на ФИНКИ
ТипОтворен за соработка, голема желба да го сподели своето искуство со цел успешност на овој проект
ОбврскиНастава по предмети поврзани со бази на податоци, информациски системи, софтвер
Критериум за успешностВисок квалитет, интеграција со системот SISng, точно работење и интуитивен и добар кориснички интерфејс
ВклученостИзработува анкети за своите студенти
DeliverablesИзвештаи
Коментари

3.5.2 Професор

ПретставникПроф. Д-р Сократ
ОписПрофесор на Филозофски факултет
ТипРаботи како професор веќе 25 години, познат е во учебниците по историја и филозофија
ОбврскиДржи предавања уште од античко време
Критериум за успешностЛесно да може да се снајде со интерфејсот. Разбирливи резултати да добива од анкетите.
ВклучувањеПроверува дали интерфејсот е добар и лесен за употреба и резултатите се разбирливи
Deliverables
Коментар

3.5.3 Студент

ПретставникСтефан Ѕалев
ОписСтудент на ФИНКИ
ТипСтудент на ФИНКИ
ОбврскиУчење
Критериум за успешностДа не треба многу кликање од прашање на прашање туку сите да се едно под друго и со скролање да се наоѓаат прашањата.
ВклучувањеПополнува анкети
Deliverables
Коментар

3.5.4 Студент

ПретставникДоне Миладинов
ОписСтудент
ТипСтудент на ФИНКИ
ОбврскиУчење
Критериум за успешностДа се добиваат нотификации кога има нова анкета, со цел да не се пропушти нејзино пополнување
ВклучувањеПополнува анкети
Deliverables
Коментар

3.5.5 СПФИНКИ

ПретставникМартина Бошковска
ОписТехнички секретар на СПФИНКИ
ТипСтудент, 3-та година, амбициозна, ведра, отворена за соработка
ОбврскиОрганизирање на настани, саеми, забави
Критериум за успешностЛесно да може да ги изработува анкетите
ВклучувањеИзработува анкети
DeliverablesИзвештај од резултатите во Excel, PDF, итн.
Коментар

3.6 User Profiles

3.6.1 Професор

ПретставникПроф. Д-р Вангел Ајановски
ОписПрофесор на ФИНКИ
ТипОтворен за соработка, голема желба да го сподели своето искуство со цел успешност на овој проект
ОбврскиНастава по предмети поврзани со бази на податоци, информациски системи, софтвер
Критериум за успешностВисок квалитет, интеграција со системот SISng, точно работење и интуитивен и добар кориснички интерфејс
ВклученостИзработува анкети за своите студенти
DeliverablesРезултати од анкетите во Excel, PDF, итн.
Коментари

3.6.2 Професор

ПретставникПроф. Д-р Сократ
ОписПрофесор на Филозофски факултет
ТипРаботи како професор веќе 25 години, познат е во учебниците по историја и филозофија
ОбврскиДржи предавања уште од античко време
Критериум за успешностЛесно да може да се снајде со интерфејсот. Разбирливи резултати да добива од анкетите.
ВклучувањеПроверува дали интерфејсот е добар и лесен за употреба и резултатите се разбирливи
Deliverables
Коментар

3.6.3 Студент

ПретставникСтефан Ѕалев
ОписСтудент на ФИНКИ
ТипСтудент на ФИНКИ
ОбврскиУчење
Критериум за успешностДа не треба многу кликање од прашање на прашање туку сите да се едно под друго и со скролање да се наоѓаат прашањата.
ВклучувањеПополнува анкети
Deliverables
Коментар

3.6.4 Студент

ПретставникДоне Миладинов
ОписСтудент
ТипСтудент на ФИНКИ
ОбврскиУчење
Критериум за успешностДа се добиваат нотификации кога има нова анкета, со цел да не се пропушти нејзино пополнување
ВклучувањеПополнува анкети
Deliverables
Коментар

3.6.5 СПФИНКИ

ПретставникМартина Бошковска
ОписТехнички секретар на СПФИНКИ
ТипСтудент, 3-та година, амбициозна, ведра, отворена за соработка
ОбврскиОрганизирање на настани, саеми, забави
Критериум за успешностЛесно да може да ги изработува анкетите
ВклучувањеИзработува анкети
DeliverablesИзвештај од резултатите во Excel, PDF, итн.
Коментар
Note: See TracWiki for help on using the wiki.