wiki:Zavisnosti

Version 2 (modified by Драган Шахпаски, 15 years ago) ( diff )

Зависности

На оваа страна се опишани зависностите помеѓу предметите за даден наставен план (curriculums).

Зависност се смета за бинарна релација помеѓу два предмети за даден наставен план.

Понатаму во текстот ќе означуваме П1 и П2 за двата предмети што се во релација.
До сега се идентификувани 6 типови на зависности и тоа:

  1. Положено - П1 може да се слуша само доколку П2 е положен. Положен значи дека студентот има финална оцена по П2.
  2. Слушано - П1 може да се слуша само доколку П2 е ислушан од студентот. Положен значи дека студентот има потпис по П2.
  3. Паралелно слушање - П1 и П2 мора да се слушаат паралелно во ист семестар.
  4. Избор (замена за изборен предмет) - П1 и изборен предмет. П2 е изборот кој се нуди за П1.
  5. Директна зависност (вистински предмет) - П1 и П2 се еден ист предмет. Се работи за реален предмет кој може да се упише, а не за на пример изборен предмет.
  6. Еквивалентен предмет - П1 и П2 се предмети со иста содржина. Најчесто се работи за ист предмет, кој се нуди на различни насоки или наставни планови.
Note: See TracWiki for help on using the wiki.