Version 3 (modified by 15 years ago) ( diff ) | ,
---|
Зависности
На оваа страна се опишани зависностите (curriculum_link_types) помеѓу предметите за даден наставен план (curriculums).
Зависност се смета за бинарна релација помеѓу два предмети за даден наставен план.
Понатаму во текстот ќе означуваме П1 и П2 за двата предмети што се во релација.
До сега се идентификувани 6 типови на зависности и тоа:
- Положено - П1 може да се слуша само доколку П2 е положен. Положен значи дека студентот има финална оцена по П2.
- Слушано - П1 може да се слуша само доколку П2 е ислушан од студентот. Положен значи дека студентот има потпис по П2.
- Паралелно слушање - П1 и П2 мора да се слушаат паралелно во ист семестар.
- Избор (замена за изборен предмет) - П1 и изборен предмет. П2 е изборот кој се нуди за П1.
- Директна зависност (вистински предмет) - П1 и П2 се еден ист предмет. Се работи за реален предмет кој може да се упише, а не за на пример изборен предмет.
- Еквивалентен предмет - П1 и П2 се предмети со иста содржина. Најчесто се работи за ист предмет, кој се нуди на различни насоки или наставни планови.
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.