wiki:WikiStart

Version 21 (modified by 193162, 21 months ago) ( diff )

--

SYNTHesized

Компонирање на 'synthwave' музичка нумера преку софтвери за музичка продукција и генерирање звук

Краток опис

Целта на проектот е создавање на композиција во која се опфаќаат сите потребни фази за создавање на една целосна песна: креирање на сите звуци и инструменти, креирање на ритам и движење, модифицирање на звуците за да звучат хармонично, компонирање на песната, додавање ефекти и други компоненти кои помагаат при дизајнирање на звукот, како и микс, мастер. Композицијата е колективна креација на сите членови од тимот, освен оние делови коишто треба да бидат изработени индивидуално по договор. Жанрот на музика во кој спаѓа песната е ‘synthwave’, со оглед на тоа што главно работиме со синтисајзери, а овој жанр е погоден за богата слоевитост. Примарниот софтвер со помош на којшто ги изработуваме, процесираме, и, компонираме звуците е SuperCollider. Искористени се многу различни звуци и инструменти кои подоцна се испроцесирани, и на крај развиени во синтисајзер. Останатите фази од музичката креација се изработени во софтверот за музичка продукција Ableton. На соодветниот GitHub линк се поставени соодветни инструкции за локално поставување на проектот.

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Никола Станојковски (координатор) 181076
Леон Спремо 193158
Раде Биковски 193162
Јована Чалоска 195004
Андреј Славејков 196047
Борјан Гаговски 196025
Марко Петрушев 191261

Фази и координација

Фаза Линкови Статус Датум
0 Дефинирање на проектот Одобрено 10.12.2021
1 Креирање на инструменти и звуци Одобрено 31.12.2021
2 Креирање на мелодиски линии и ритам идеи Одобрено 26.05.2022
3 Креирање на синхронизирана композиција Одобрено 26.05.2022
4 Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук Одобрено 26.05.2022
5 Микс и мастер Одобрено 25.08.2022

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.